Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков автомобил ќе вози Трамп?

Каков автомобил ќе вози Трамп?

Јавноста за неколку дена ќе види во каков автомобил ќе се вози новиот претседател на САД, Доналд Трамп. 

Тој ќе се појави во јавноста на денот на инаугурацијата 20 месецов. 

Првиот поглед на претседателскиот автомобил „Кадилак уан“ (Cadillac One) познат и како „Ѕвер“ открива дека неговите карактеристики ќе бидат поимпресивни од оние кои ги имале автомобилите на неговите претходници.

Фотографиите коишто ги објави сајтот „Аутоблог“ не откриваат многу, затоа што возилото на нив е обоено со камуфлажна боја за да се прикријат карактеристиките.

Автомобилот ќе биде опремен со оружје и топови кои испалуваат гас солзавец, а вратата и прозорците на лимузината ќе бидат отпорни за куршуми и хемиски и биолошки напади, пренесува „Дејли мејл“.

Во претседателската лимузина секогаш ќе се наоѓаат и шишиња со крв која одговара на крвната група на претседателот, а која може да се употреби ако дојде до итен случај. 
Точните детали не се објавени, но се шпекулира дека лимузината ќе биде отпорна и на импровизирани експлозивни направи.

Тајната служба предложила замена за претседателската лимузина во 2014 година и новиот модел сега ќе замени флота од 12 автомобили кои ги користел претседателот Барак Обама од 2009 година.

Се очекува автомобилот да биде вооружен како воените возила и дека вратата ќе биде толку тешка така што  Трамп нема да може да ја отвори одвнатре.

Лимузината собира седум лица, а има и скриени резервоари со кислород кои ќе го снабдуваат автомобилот со чист воздух, во случај надворешниот воздух да стане токсичен.

Слично

Поврзани вести