Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Зимската Олимпијада ќе влијае на ски индустријата тешка 500 милијарди?

Како Зимската Олимпијада ќе влијае на ски индустријата тешка 500 милијарди?

Зимската Олимпијада во Пекинг влегува во последната недела. И додека спортистите ги бројат медалите, рекордите и успесите, светската ски индстрија веќе прави проценка на парите. Ски ресортите беа силно погодени од пандемијата со коронавирусот, па може ли една од најскапите Олимпијади во историјата тоа да го прмени?

Светската ски индустрија е проценета на околу 500 милијарди американски долари годишно. Во екот на Зимските олимписки игри интересот за скијачките и снежните спортови се зголемува, а со тоа и шанса да се стигне до нови потрошувачи.

Кина е единствената земја која во ист град организирала и летни и зимски Олимпијади. Пекинг ја имаа таа чест, еднаш во 2008 и сега во 2022 да биде град домаќин на две олимписки игри. Интересно е што во околината на главниот кинески град нема речиси никаква скијачка инфраструктура, а со оглед на тоа што ретко паѓа снег, истата тешко дека ќе се користи по крајот на Олимпијадата.

Огромни трошоци за „најевтината“ Олимпијада

Кина пред Меѓународниот олимписки комитет вети вложување нешто над 3 милијарди долари. Ако се спореди со претходните масовни настани ќе испадне дека Кинезите потрошиле најмала сума. Но, во позадина на организацијата се кријат околу 50 милијарди долари кои се потрошени на нови патишта, железници, сместувачки капацитети, и секако нови олимписки снежни арени.

Само брзиот воз за потребите на зимските игри чини околу 4 милијарди долари. Кина постојано треба да троши околу литри вода дневно за да го продуцира вештачкиот снег за олимписките стази.

Огромни се и трошоците врз животната средина. За одржување на снежните стази дневно се трошат околу 1 милијарда литри вода или околу 1 милиони кубици вода, количина која е доволна да напои еден голем светски град. Пекинг е првиот домаќин каде снегот е 100% вештачки создаден.

Сепак, ако се земе во предвид дека само 13 милиони скијачи се активни низ зимските терени во Кина, или 1% од светската скијачка популација, станува појасно зошто кинеските власти трошат мегаломански суми за олимпискиот дух. Од нив само Русија на Путин потроши повеќе, или околу 60 милијарди долари за игрите во Сочи.

Кинеските власти пресметале дека во следните четири години, колку што трае еден олимписки циклус, бројот на скијачи и рекреативци во земјата ќе се зголеми на 300 милиони. Можеби прогнозите се преоптимистични, но во Кина веќе се градат 700 нови скијачки ресорти.

Ковид и снег

Ширењето на корона вирусот во почетните фази на пандемијата негативно се одрази на ски индустријата. Првите случаи во Балканот, вклучувајќи ја и Македонија се тврдеше дека се должат на ски ресортите во Италија. Непознатата болест се претвори во глобална пандемија, па така скијачките комплекси речиси насекаде беа целосно затворени.

Се проценува дека ски индустријата во сезоната 2019-2020 забележала пад од околу 20%. Само една сезона претходно иако зимата беше една од најтоплите откако се мери систематски глобалната температура, беа срушени сите рекорди.

Затоа и оваа Зимска Олимпијада има големо значење, покрај стандардните докажувања на доминација на светските супер сили како на политички така и на спортски план.

Скијањето, зимските и планинските спортови се одлични за физичката подготвеност и здравјето, а времето поминато на отворено со чист воздух е непроценливо. Па така полека и првичната негативна слика за ски ресортите како „жаришта на короната“ полека исчезнуваат, а бројот на посетители се враќа на нивото од пред пандемијата.

Х. С.

Слично

Поврзани вести