КАКО ВО СТУДЕНАТА ВОЈНА: НАТО пресретна над 400 руски авиони
Авионите на НАТО пресретнале руски воени авиони повеќе од 400 пати од почетокот на годинава, недалеку од воздухопловниот простор на воениот сојуз. Ова е зголемување за 50% во однос на лани, изјави генералниот секретарна Алијансата Јенс Столтенберг.
„На подрачјето на Балтичкото Море, Норвешкото Море, Црното Море и воздушниот простор што го опкружува НАТО гледаме зголемена активност на руските борбени авиони“, вели Столтенберг.
Тој истакнува дека овој модел потсетува на однесувањето на Русија за време на Студената војна.
Слично
