Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ВИРУСОТ ЗЕДЕ ЗАМАВ И ВО ГЕРМАНИЈА: Земјата достигна до 600 смртни случаи дневно, се бараат итно силни мерки

КАКО ВИРУСОТ ЗЕДЕ ЗАМАВ И ВО ГЕРМАНИЈА: Земјата достигна до 600 смртни случаи дневно, се бараат итно силни мерки

Германија мора под итно да воведе силен локдаун, за да се запре ширењето на коронавирусот, рекол министерот за внатрешни работи Хорст Зихофер.

„Единствена шанса да ја задржиме контролата над ситуацијата е ако рестриктивните мерки се зајакнат, но тоа мора да се случи под итно“, рекол Зихофер за „Дер Шпигел“ магазинот, пренесе „Ројтерс“.

Германскиот институт Роберт Кох утрово соопшти дека е забележан рекорден број на заразени во еден ден.

„Доколку чекаме до Божиќ, тоа ќе не чини многу бо наредните неколку месеци“, додал министерот.

Министерот за економија Петер Алтмајер нагласил дека ширењето на короната е експоненцијално и дека политичарите мора да делуваат за да се успори пандемијата.

Инаку, во последните 24 часа во Германија се евидентирани 29.875 нови случаи на Ковид-19 и 598 смртни случаи.

Ова се најголемите дневни бројки на починати и на нозаразени во таа земја од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на случаи сега е над 1.270.000, а бројот на смртни случаи е 20.970.

Ова е втор ден по ред со рекорден број на нови инфекции и втор пат во последните неколку дена во Германија да умрат скоро 600 луѓе за еден ден, како последица на Ковид-19, пишува „Дојче веле“. Одделенијата за интензивна нега се полни низ целата земја, како и некои регионални болници. 

Канцеларката Ангела Меркел, наводно, ќе се состане со лидерите на 16 сојузни покраини за време на викендот за да разговара за построга блокада и посилни ограничувачки мерки.

Германија го започна вториот бран на пандемијата со делумно заклучување, што се чини дека не функционира, се вели во анализата на ДВ.

На почетокот на ноември беа затворени сите ресторани, кафулиња, барови, како и театри, кина, спортски сали и други објекти. Но, продавниците останаа отворени и училиштата и градинките работат сосема нормално.

Ограничувањата воведени со делумното заклучување ја следат идејата за забрана на сè она што луѓето го уживаат во слободно време, но од друга страна економијата да биде поштедена што е можно повеќе.

Традиционалните предбожиќни саеми не се одржуваат оваа година, но многу сопственици на ресторани, на кои им е дозволено да продаваат храна за носење, исто така нудат греено вино за надвор. 

ФОТО: Wikimedia

Слично

Поврзани вести