Како успешните директори бараат работници
Прво гледајте ја личноста, а дури на крај квалификациите- вака основачот на брендот „Вирџин“, Ричард Бренсон бира кој ќе биде нов вработен во компанијата.Во серијата статии на ЛинкедИн под наслов „Како вработувам“, тој открива што е најважно за него да поседува кандидатот што конкурирал за отворено работно место.
„Личноста е клучот, тоа не е нешто што веднаш може да се забележи на интервју за работа - луѓето може да бидате срамежливи. Но, вие треба да му верувате на својот суд. Ако пред себе имате малку интровертна личност, со одличен карактер, искористете го своето искуство за да го извлечете подоброто од неа. Полесно е со отворените луѓе, но треба да бидете особено внимателни со луѓе кои се премногу возбудени и по притисок на интервјуто за работа.
Луѓе најголемиот дел од работата може да ја совладаат кога „ќе ги фрлите во оган". Во рок од три месеци , обично може да се видат резултатите. Дури откако ќе бидете задоволни од личноста на кандидатот, треба да се обрне внимание на искуството и експертизата. Најдете луѓе кои се флексибилни - ви треба тимски играч кој е во состојба да врши неколку различни задачи. Иако специјалисти се потребни , не ја потценувајте разновидноста.
Некои менаџери не гледаат подалеку од квалификациите. Јас во нив гледам откако веќе сум направил проценка. Ако некој има пет дипломи и одлични оценки , тоа не значи дека тоа е вистинската личност за таа работа. Добрите оценки не значат ништо ако не доаѓаат во комбинација со различно работно искуство и добра личност."
Слично
