Како успеа скромен дом да биде прогласен за „Куќа на годината“?
Списанието за архитектура, „Арх-дејли“ за „Куќа на годината“ прогласи скромен дом во Бразил.
Куќата се наоѓа во населба од збиен тип, Англомерадо да Сера, којашто е во склоп на градот Бело Хоризонте. Таа е дело на архитектонскиот колектив „Леванте“, којшто дизајнира бесплатно или со минимален надомест за жителите на фавелата. Зад овој дом, по натпреварот се најдоа многу полуксузни домови од Индија, Мексико, Виетнам, Германија.
„Денес мојата куќа е на врвот на светот. Знам дека мојата куќа не е најелегантната на светот, но е добро изградена „колиба“, се шегува сопственикот.
Дос Анжус живее во куќата од 2020 година со две кучиња, една мачка и повеќе од 60 растенија. Изведбата на работите чинеше само 150.000 реали (околу 30.000 евра), а инвестицијата се исплатеше на повеќе начини. Не само што куќата доби меѓународно признание, туку и му помогна на Дос Анжус да го оствари својот детски сон.
