Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Трамп ги коментира односите со Русија?

Како Трамп ги коментира односите со Русија?

Односите меѓу Вашингтон и Москва се „на многу опасно и најниско ниво во историјата“, вели претседателот на САД, Доналд Трамп. 

За ова тој го обвини Конгресот.  Минатата недела со големо мнозинство Конгресот ги одобри новите санкции против Русија. Трамп го потпиша законот, иако веќе подолго време изразува желба за воспоставување подобри односи со Русија. Тој жестоко го критикуваше законот, жалејќи се дека мерката одобрена од Конгресот за да го спречи да ги намали санкции навлегува во претседателските овластувања за водење на надворешната политика.

Во изјавата на Трамп по потпишувањето на санкциите, се наведува дека има многу недостатоци во законот за санкциите и дека ќе им претставува проблем за неговата администрација да преговара со странските противници. Тој вели дека го потпишал законот во интерес на националното единство.

Русија е со став дека санкциите се  „отворена трговска војна“ и крај на надежите за подобрување на односите со администрацијата на Трамп.

Слично

Поврзани вести