Како тензиите од Турција се пренесоа и на улиците на Германија?
Неуспешниот обид за државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган предизвика тензии меѓу 3-милионската турска заедница во Германија.
Тоа доведе до демонстрации и закани. По деновите на чистки во Турција, Министерството за внатрешни работи во Берлин ги предупреди Турците во земјата да се воздржат од насилство.
По превратот и последователните чистки во државната администрација, војската, полицијата, медиумите и образовните институции во Турција, во Германија се загрижени дека тензиите меѓу приврзаниците на Ердоган и на Фетулах Гулен, кого Анкара го обвинува за превратот, може да ескалираат.
Во средата во западниот град Гелзенкирхен 150 поддржувачи на Ердоган упаднаа во кафуле, каде имало поддржувачи на Гулен. Во исто време на ѕидовите на џамија се залепени плакати на кои пишува „Долу за предавниците на татковина". Ноќта кога се случи ударот скоро 3.000 луѓе излегоа на марш пред турската амбасада во Берлин, мавтајќи со турски знамиња и држејќи фотографии на Ердоган.
Во саботата во германската престолнина се одржа друг митинг за поддршка на турскиот претседател. Друга демонстрација, која се очекува да собере 15 000 луѓе, ќе се одржи на крајот на месецот во Келн, соопштија од полицијата.
