Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како светот да излезе од кризата? Почнува Светскиот економски форум во Давос

Како светот да излезе од кризата? Почнува Светскиот економски форум во Давос

 Денеска во Давос започнува Светскиот економски форум посветен на стимулирачките мерки за излез на светската економија од кризата. Со свое обраќање на тема економското заздравување ќе се претстават четворицата европски лидери - рускиот премиер Дмитриј Медведев, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти.

Покрај останатите учесници на Форумот пристигна и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, претседателот на Свестката банка Џим Јон Ким, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

На Форумот во Давос ќе се разговара и за кризата во еврозоната и за иднината на Европската унија, но исто така и за состојбите на Блискиот Исток.

Светскиот економски форум ќе трае до 23 до 27 јануари.

Слично

Поврзани вести