Како спасувачите трагаат по преживеани под урнатините: ВИДЕО кое ќе ве наежи
Спасувачите од цела Турција веќе четврти ден трагаат по
преживеани под урнатините по разорните земјотреси што го потресоа регионот.
Досега загинаа повеќе од 17.000 луѓе, но чуда се уште се случуваат и
спасувачите наоѓаат сè уште преживеани деца и семејства под урнатините.
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како спасувачите одлучуваат дали да почнат да копаат под некои урнатини или не.
На цел глас, заедно, извикуваат „Дали нè слушате“ и се надеваат дека ќе го слушнат гласот што значи живот.
Инаку голем број спасувачи од цела Македонија заминаа во Турција да им помогнат на своите колеги во потрагата по жртвите од земјотресот. Исто така и низ целата држава се собираат донации како јоргани, кебиња, јакни, средства за хигиена, конзервирана храна и се‘ онаа што им е најпотребно на настраданите, но секако и парични донации.
Фото и Видео: Инстаграм
