Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како синот на Пабло Ескобар се откажал од империјата и одмаздата

Како синот на Пабло Ескобар се откажал од империјата и одмаздата
Ликот на Пабло Ескобар повторно оживува со хит серијата „Наркос“ која е глобално гледана и дава нов увид во кокаинската империја во Колумбија, а секако повлекува и многу прашања за минатото, особено за семејството на лидерот на Меделин Картелот. Неговиот син Хуан денес отворено говори за издигнувањето и падот на Пабло Ескобар и како тој се откажал од одмаздата за убиството на неговиот татко. juan i pablo escobar
„На 17 години ми беше вперен пиштол од страна на преостанатите нарко босови кои ми посочија или напуштија земјата или соочи се со смрт. Како наследник на Меделин картелот посакував одмазда за убијците на Пабло Ескобар, голем дел од нив се уште се живи и на слобода, но сфатив колкава штета му нанесе трговијата со кокаин на моето семејство, посочува Хуан кој го промени името во Марокин.
Сега живее во Аргентина и бега од сенката на крволочниот Пабло Ескобар кој стои зад илјадници убиства, атентати, терористички бомбашки напади и многу уништени животи. Марокин е успешен архитект и семеен човек, а често држи и мотивациски говори за подобра борба против трговијата со дрога.
Слично

Поврзани вести