КАКО СЕ ЗБОГАТУВА: „Исламска држава“ влжува 1.2 милиони доалри годишно во …
Исламистичката група одвојува 1,2 милиони долари годишно за кампањи на интернет, раскажува извор од НАТО за весникот „Хуриет“. Таа стои зад 46 000 профили на „Твитер“ (Twitter) и објавува околу 250 000 статии секој ден.
Нејзината пропагандата очигледно работи, бидејќи бројот на луѓе кои пристапиле кон групата странски борци е двојно поголем од 2014 година. 1.000 луѓе се влеваат во нејзините редови секој месец, иако во последно време бројот на Европејците се намалува.
За сметка на тоа се повеќе руски граѓани, особено Чеченци, се приклучуваат кон „Исламска држава“.
Речиси 25% од сите кои доаѓаат од Европа, се жени, додава изворот, а голем број од нив се помали од 16 години. Од 2011 година исламистите привлекоа над 30 000 странски борци од вкупно 100 земји, тврдат американски извори.
„Џихад група во моментов ја контролира судбината на помеѓу 5 и 7 милиони луѓе. Таа функционира како држава, иако не сакаме да ја нарекуваме така“, тврди изворот. Во рацете на „Исламска држава“ се околу 15% од територијата на Сирија и на Ирак, но реално преку инфраструктурата во нивни раце е контролата над речиси два пати повеќе површина.
Нејзините пари доаѓаат како од наметнување на даноци на локалното население, така и од нелегалната продажба на нафта и наоди од древните цивилизации. „Исламска држава“ собира приходи од даноци на локалните луѓе и од локалните ресурси. Резервите на вода во Сирија и Ирак се нејзини“, објаснува изворот.
Минатата година џихадистите заработиле 250 милиони долари од откупи и 2 милиони долари дневно од незаконската продажба на нафта, покажуваат податоците од разузнавањето на НАТО.
