Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО СЕ СПАСИВ ОД ПУКАЊЕТО - 9 годишниот Даниел раскажува како ги избегнал смртоносните куршуми

КАКО СЕ СПАСИВ ОД ПУКАЊЕТО -  9 годишниот Даниел раскажува како ги избегнал смртоносните куршуми

Кога вооружениот млад човек влегол во основното училиште Роб во Увалде, Тексас и почнал да пука, ученикот Даниел кажа дека неговиот ранет учител испратил порака до 911 за помош.

Даниел (9), заедно со неговата мајка, Бријана Руиз, за Си-Ен-Ен изјави дека напаѓачот испукал неколку истрели во неговата училница откако не можел да влезе. Вратата била заклучена од неговиот наставник, а испуканите куршуми го погодиле и наставникот, но и еден соученик.

Смртоносното дивеење во основното училиште Роб го одбележа 30-тото пукање во училиште во САД во првите пет месеци од оваа година. Тоа беше најсмртоносното пукање во училиште од масакрот во Сенди Хук во 2012 година.

Даниел преживеал така што прво се „скрил под масата до ѕидот“. Сепак, тој рече дека можел да го види напаѓачот низ прозорецот на вратата.

-  Сè уште можев да му го видам лицето. Можев да го видам како зјапа во луѓето пред мене - рече момчето.

Даниел подоцна се искачил до скршениот прозорец за да избега, пресекувајќи си ја раката на стакло, и додаде дека двете лица од неговиот клас кои биле повредени ќе преживеат.

Сепак, негова братучеда, Ели Гарсија, била во друга училница. Таа беше едно од 19-те деца и двете учителки кои беа убиени во пукањето.

Одделот за јавна безбедност во Тексас ја постави временската рамка за пукањето во вторникот, покажувајќи дека напаѓачот бил во училница со ученици повеќе од еден час пред да биде застрелан и убиен од тим за тактичка реакција на граничната патрола. Остануваат прашањата дали одговорот од надлежните бил навремен за да се спречат дополнителни жртви.

На барање на градоначалникот на Увалде, американското Министерство за правда објави дека ќе спроведе истрага за околностите околу пукањето.

-  Целта на прегледот е да се обезбеди независен приказ на дејствијата и одговорите на органите на редот тој ден и да се идентификуваат научените лекции и најдобрите практики за да им се помогне на првите што реагираат да се подготват и да одговорат на настаните со активни стрелци - се вели во соопштението на Министерството за правда во неделата..

Алфред Гарсија, чија ќерка беше убиена во пукањето, изјави за Си-Ен-Ен дека е во „неверување“ за тоа колку време поминало за време на пукањето пред да заврши и ја сподели својата фрустрација со одговорот на властите.

-  Не е потребен генијалец за да се сфати дека едноставно им требаше премногу долго за да влезат внатре, и, знаете, тие стигнаа таму порано, и некој де преземеше акција, можеби ќе имаме повеќе од загинатите деца денес меѓу нас, вклучително и ќерка ми - рече тој.

Фото: Принтскрин/ Си-Ен-Ен

Слично

Поврзани вести