Како се храни Меси? Посебно избегнува одредени намирници
Лионел Меси, кој веќе стана жива легенда со освојувањето на трофејот на Светското првенство во Катар, со години работи со италијанскиот нутриционист Џилијан Позер за да остане во форма и да го одржува своето здравје.
Нутриционистот му дизајнираше диета која ги вклучува сите потребни квалитетни намирници. Имено, исхраната на Меси содржи маслиново масло, свежо овошје и зеленчук, семиња, јаткасти плодови и цели зрна. Добар дел од неговата исхрана се состои од сирова храна која му дава енергија.
"Шеќерот е најлошата работа за мускулите. Колку повеќе се држите настрана од шеќерот, толку подобро. Рафинираното брашно е исто така голем проблем бидејќи тешко е да се најде квалитетна пченица во денешно време", изјави Позер за Мундо Депортиво.
Меси избегнува вештачки засладувачи, преработени јаглехидрати, пржена храна и алкохол. За да ја обезбеди потребната дневна количина на протеини, тој консумира до три протеински напитоци.
Омилено јадење на Меси е пилешкото со коренест зеленчук, кој вклучува моркови, целер, магдонос, ротквица итн. Ова јадење е полно со хранливи материи, односно протеини, витамини и здрави јаглехидрати.
Обезмастени протеини како пилешкото се одличен начин да внесете доволно аминокиселини во вашето тело, кои помагаат да се изгради мускулното ткиво.
