Како Русија ќе одговори на санкциите на САД?
Русија ќе има соодветен одговор на санкциите од САД.
Долниот дом на рускиот парламент, Државна дума подготвува закон кој ќе биде одговор на американските санкции против Русија.
Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин изјави дека е премногу рано да се зборува за детали.
„Не сакам да коментирам. Го разгледуваме тоа прашање“- одговори Володин на прашањето за можноста за усвојување на таков закон.
Во август американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се заоструваат американските санкции против Русија, Иран и Северна Кореја. Предлог-законот „Справување со американските противници преку санкции“ ги легализираше рестриктивните мерки наметнати на Русија од страна на администрацијата на Обама.
Слично
