Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како реагираа Кина и САД на одлуката на Северна Кореја за крај на мисијата со нуклеарните тестови

Како реагираа Кина и САД на одлуката на Северна Кореја за крај на мисијата со нуклеарните тестови

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави најавата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун дека неговата земја веднаш ќе ги прекине нуклеарните и ракетните процеси и рече дека со нетрпение чека да се сретне со него.

„Северна Кореја се согласи да стави крај на сите нуклеарни експерименти и да затвори важен (нуклеарен) процес, добра вест за Северна Кореја и светот - голем напредок, со нетрпение го очекуваме нашиот самит“, напиша Трамп на Твитер.

Кина пак ја поздравува одлуката на Северна Кореја да ги прекине нуклеарните и ракетните испитувања, велејќи дека тоа ќе ги намали тензиите на Корејскиот полуостров и ќе помогне денуклеризација, пишуваат медиуми од светот.

Кина смета дека одлуката на Северна Кореја да престане со нуклеарната мисија и да се  концентрира на економскиот развој и подобрувањето на условите за живот ќе помогне да се олесни ситуацијата на Корејскиот полуостров и да се постигне напредок во процесот на денуклеризација, како и во политичките напори за донесување одлуки , изјавил портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ли Канг, во соопштението.

Слично

Поврзани вести