Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како реагира Русија на изјавата дека местото на Украина е во НАТО?

Како реагира Русија на изјавата дека местото на Украина е во НАТО?

Руските власти велат дека клучна цел на воените дејства на Русија е да се спречи членството на Украина во НАТО. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков вели дека ова е многу важно за Русија, пренесе ТАСС. 

„Се разбира, бидејќи, во спротивно, ова ќе претставува сериозна, значителна закана за безбедноста на нашата земја“, рече Песков.

Коментирајќи ја посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Киев, Песков рече дека Кремљ нема проценки за перспективите за пристапување на Украина во алијансата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека е време воената алијанса да му понуди членство на Киев, пренесува „Ројтерс“. Зеленски изјави дека самитот на Алијансата во јули во Вилнус може да биде „историски“ и изјави дека е поканет да присуствува.

Столтенберг рече дека иднината на Украина е во НАТО. Неодамна Финска стана 31-та членка на НАТО. Русија лани на 24 февруари ја почна војната во Украина, со барање за денацификација, воена неутралноста на Украина и ја призна независноста на Доњецк и Луганск. 

Слично

Поврзани вести