Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како ранетиот агент на американската Тајна служба успеа да се спаси?

Како ранетиот агент на американската Тајна служба успеа да се спаси?

Агент на американската Тајна служба, кој беше ранет синоќа при нападот на гала вечерата за новинари во Вашингтон, е пуштен од болница и се наоѓа на домашно лекување.

Информацијата ја соопшти Ентони Гулиелми, кој поради безбедносни причини не откри детали за идентитетот на агентот ниту за установата во која бил хоспитализиран. 

„Панцирниот елек што го носел помогнал да се избегне можна трагедија“, изјави Гулиелми.

Агентот бил погоден директно во заштитната опрема додека се обидувал да го совлада напаѓачот во лобито на хотелот, каде што се одржувала свеченоста.

За состојбата на ранетиот се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој потврди дека разговарал со него по инцидентот.

„Во одлично расположение е. Му рековме дека го сакаме и го почитуваме. Тој е човек кој е исклучително горд на тоа што го работи“, изјави Трамп.

Инцидентот се случи за време на традиционалната вечера во Вашингтон, кога напаѓач пукаше. 

Се работи за интелектуалец кој живее во Лос Анџелес и ги таргетирал функционерите. 

Слично

Поврзани вести