Како Путин преку Украина ќе го освои Средоземно море?
На Русија не и треба ниту територија ниту ресурси. Ги има во изобилство. Ниту пак има воени и финансиски ресурси да држи под окупација држава со 44 милиони жители и над 600.000 квадратни километри. Но затоа и треба широк и безбеден крајбрежен појас под своја апослутна контрола кој излегува на Азовско и на Црно море – врска со Средоземното море. А додека го осигура појасот времето ќе го користи да уништува воена инфраструструктура (аеродроми, полигони, магацини и друго) околу големите украински градови
Воената агресија на Русија врз Украина четири дена ја потресува светската, а особено европската јавност. Од следење на медумите сведоци сме на силен, агресивен и истовремено ефективен продор на руската армија во источна Украина и тоа по широка линија на украинските крајбрежни територии на Азовско море и на Црно море. Очигледна е целта на Путин – блокада на украинскиот излез на двете мориња што всушност е и врвен приоритет за безбедносно-воен штит на Русија преку украинска територија, а воедно и зацементирана трговска рута за излез до Средоземно море.
Паралелно со тоа за да направи дефокус на западната јавност Путин удира воено на големите градови од повеќе правци со разни родови војска, особено на главниот град Киев. При тоа ефективно ја уништува украинската воена инфраструктура која е од витално значење за НАТО аспирациите на Украина ( и тоа го прави се и само со цел да ја намали употребната вредност на Украина како идна членка на НАТО сојузот).
Отворено, повеќеслојно и исклучително комплексно е прашањето дали Путин бил сотеран до ѕид и дали нападот на Украина е краен резултат од очајната продукција на неговата комуникација со западните лидери (читај со Џо Бајден). Како и да е, ако се гледа од стратешки аспект јасно е дека Путин е спремен на жртвата која значи екскомуникација и меѓународни економски санкции само со цел да го уништи воениот потенцијал и капацитет на Украина и при тоа да обезбеди широк појас под негова контрола на двете мориња. Веројатно затоа и неочекувано ги прогласи за признати од Руската федерација независните републики Донјецк и Луганск (источни територии на украинската држава со доминантно руско население).
Многу е веројатно дека откако ќе го осигура воено-безбедносно тој широк крајбрежен појас, на двете мориња при што ќе осигура копнена врска со Крим, руската армија ќе ја повлече опсадата на големите украински градови меѓу кои е главниот град Киев. Така грижата за многубројните економски лошо ситуирани Украинци ќе им ја препушти на богатите држави од западна Европа кои пак имаат простор да примаат квалитетна, млада и пристојно остручена работна сила која за нивни услови не е скапа, а е ефикасна.
Дали е ова логична анализа ако ги земете во корелација следниве логички факти и прашања:
-На Русија не и требаат ресурси ниту територии, ги има во изобилство
-Има ли потреба воено да ја окупира и да ја финансира најголемата држава во Европа (над 600.000 квадратни километри) со 44 милиони жители?
- И треба ли на Русија безбеден широк крајбрежен коридор на Азотско и Црно море за стратешкиот излез на Средоземно море?
- И треба ли на Русија непријателска држава (во случај Украина) која нема излез на овие мориња?
Р.Ф.