Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Путин и Трамп ќе ја решат кризата во Иран?

Како Путин и Трамп ќе ја решат кризата во Иран?

Ќе има дипломатско решение на кризата во Иран. 

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп се согласни дека тензичната состојба поврзана со Иран мора да се реши со политички и дипломатски средства. Ова го најави вчера шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по средбата на двајцата лидери на маргините на Самитот на Г-20 што се одржува во Осака.

Лавров нагласи дека Путин и Трамп разговарале за повеќе меѓународни прашања, меѓу кои и оние поврзани со Сирија и Украина, но посебно внимание посветиле на Иран во контекст на актуелната состојба околу Договорот за иранската нуклеарна програма и случувањата во Оманскиот Залив.

Слично

Поврзани вести