КАКО ПУТИН ГО СТОПЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОАЕ? - по средбата на двајцата државници голема фама се крена за капутот на рускиот претседател (Видео)
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, а видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува гостинот како го носи палтото на Путин.
На видеото се гледа како Путин и Бин Зајед излегуваат од зградата. Додека Путин излегува во палто, шеикот е нагрнат со црн капут, кој му го позајмил домаќинот, јавуваат руските медиуми.
- Топли односи. Путин му го подари палтото на претседателот на ОАЕ за да не замрзне во Санкт Петербург – стои во описот на видеото на социјалните мрежи.
Теплые отношения: Путин подарил президенту ОАЭ Мухаммеду Аль Нахайяну свое пальто, чтобы тот не замерз в Питере. pic.twitter.com/ksmQezmM1f
— ВЛАДИМИР, КРАСНОЯРСК! ЕНИСЕЙ! (@O45SwNQkQ8yk9nW) October 12, 2022
Овој гест на рускиот лидер денеска го коментираше и неговиот портпарол Дмитриј Песков, кој рече дека Путин му го дал палтото на гостинот како „знак на внимание“.
- Ова е одреден гест на внимание што целосно го одразува меѓусебниот однос на лидерите (на двете земји) - рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали Путин му го вратил палтото што му го фрлил преку рамениците на Ал Нахјан претходниот ден за време на неговата прва посета на Русија.
Песков додаде дека, во случај палтото да не биде вратено, тоа нема да создаде никакви тешкотии.
– Мислам дека тоа нема да биде проблем – изјави портпаролот на Кремљ.
Фото: Принскрин/Твитер