КАКО ПРОДАВАЧИ НА СУВЕНИРИ: Терористи планираат напади на европски плажи
Терористичката група поврзана со „Исламска држава“, планира напади на плажи во Европа, пишува германски Bild.
Според изданието таквите информации германските тајни служби ги добиле од Африка преку италијанските колеги.
Според инсајдерски информации на италијанските специјални служби, посочува весникот, терористите се подготвуваат да се претстават како продавачи на сувенири и пијалоци, и така да извршат бомбашки напади на плажи.
Како потенцијални цели се наведуваат крајбрежните делови на Италија, Шпанија и јужна Франција.
Слично
