Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како плејбој од Брунеи потроши 14,8 милијарди долари?

Како плејбој од Брунеи потроши 14,8 милијарди долари?
Принцот Џефри, братот на Султаната на Брунеи и истакнат плејбој во својата земја , водеше луксузен живот додека средствата не му беа замрзнати. Деталите околу неговиот живот станаа јасни покрај делото што неговиот поранешен адвокат го води против него . Имало моменти во кој принцот трошел по 50 милиони долари месечно! Сказната за него заврши откако стана јасно дека потрошените 14,8 милијарди долари се од владина нафтена инвестиција кои тој требаше да ги контролира . Но, како се трошат 14 милијарди долари ? Vanity Fair трагаше по некои од трошоците на принцот : Тој поседува 2 300 возила . Повеќето од нив се од марките Bentley, Ferrari и Rolls-Royce. Поседува осум приватни авиони и еден хеликоптер. За време на истрагата принцот им предаде на властите во Брунеи пет дијаманти - секој во вредност од 200 милиони долари. Тој платил 1,3 милиони долари за пенкала со еротски орнаменти и 10 милиони долари за часовници со инкрустирани фигурини на парови кои имаат секс, на една од сопругите дарувал ѓердан , кој таа подоцна го има продадено преку Christie's за 100 000 долари. На скулпторот Џеј Стјуарт Џонсон му платил  800 000 долари , за да направи статуа од него и неговата поранешна свршеница во еротска поза. Постојат пет јахти. Едната од нив се нарекува Tits ( во превод од анг. " цицки " ) нејзините два помали моторни чамци се наречени Жито 1 и Жито 2. Поседува колекција од  хотели со 5 ѕвезди , меѓу кои New York Palace и Hotel Bel - Air во Лос Анџелес. Тој му платил 17 милиони долари на Мајкл Џексон , за да пее по повод неговиот 50- ти роденден . Концертот се одржа на стадион , специјално изграден за настанот. Принцот купил килим од златни нишки и камења за 7 милиони долари. Купил Playboy Club во Лондон за 34 милиони долари, што беше над 4 пати над пазарната цена.
Слично

Поврзани вести