Како пчели успеаја да деaктивираат експлозив во Буча?
Неодамна медиумите објавија вест дека пчели во Буча во Украина, деaктивирале руски експлозивни напарави кои биле поставени како стапица.
Ова е необичен настан и пиротехничарите велат дека досега не слушнале за ваков настан во светот. За да знаеме како точно дошло до деaктивирањетo потребно е да ги знаеме сите детали за каков експлозив се работи. Пиротехничарот и пчелар Ефтим Митров вели дека многу е важно да се знае каков бил експлозивот и на кој начин бил наместен.
„Ако во кошницата на пчелите им влезе страно тело, тие го неутрализираат, и ако е мало го исфрлаат надвор, а доколку не е, го мумуфицираат. Тие се многу интелигентни. Ако им влезе глушец внатре, го мумуфицираат и таков може да стои долго време, со години. Во конкретниот случај, зависи за каков тип на експлозив се работи. Многу е важно во каква состојба бил детонаторот. Тротилот на пример нема рок на траење, но има хемиски супстанци кои од денот на производство имаат 6 месеци рок, и потоа се разградуваат. Доколку имало жици кои биле споени, можно е пчелите со деноноќно гризење да ги оголиле, оштетиле, да направиле краток спој и со тоа да предизвикале онеспособување“, раскажува Митров.
Пчелар во Украина се спаси откако пчелите ги деактивирале гранатите. Експлозивните направи биле скриени во кошницата во пчеларникот во шума во регионот Буча североисточно од Киев. Ги подметнале руските војници што побегнале кога украинските сили ја вратија територијата. Руските војници ја оставиле стапицата во почетокот на април, објави веб-страницата Буча лајв. Кога пчеларот почнал да ги проверува кошниците, стапицата не експлодирала, бидејќи пчелите ги имале покриено детонаторите со мед и прополис. Групата наречена Доброволна формација на територијалната заедница на градот Буча тврди дека експертите за деминирање успеале да ги отстранат уредите благодарение на активноста на инсектите, кои процесот го направиле безбеден. Во соопштението, организацијата наведе дека Русите сакале да одземат нечиј живот, но украинските пчели го спасиле. Поради војната, сопственикот на пчеларникот шест месеци не се приближил до кошниците.
Сања Атанасовскафото Телеграм
