Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како од вистинска беда се стигнува до врвот

Како од вистинска беда се стигнува до врвот

Сингапур со големо сведоштво и грандиозна парада ја одбележа 50-годишнината од својата независност, и тоа со главен акцент на економскиот успех кој го постигнала оваа град-држава.

На улиците се слушале национални песни, на небото летале борбени авиони, а граѓаните ја користеле предноста на бесплатното возење со автобусите и возовите.

Прославата била завршена со воена парада и огномет, а единството и гордоста на Сингапурците биле демонстрирани со видео запис посветен на основачот и лидерот Ли Куан Јуом, кој што почина во месец март, на 92 години.

safe_image

Ли, кој во текот на повеќе од три децении, колку што бил премиер, водел практично еднопартиска држава, е најзаслужен за развојот на Сингапур од колонијално пристаниште до богата метропола.

Од пар стотина долари национален доход по глава од жител, Сингапур е денес помеѓу најбогатите држави на светот со доход по глава на жител од близу 60.000 долари.

За постигнување на економскиот напредок Ли сметал дека е потребна цврста политика како би се обидел да ги смири расните нееднаквости помеѓу мнозинството од Кинези и малцинството од Малезијци и Индијци.

Негова прва задача било на жителите да им обезбеди услови за живеење и работно место. Така започнало и раѓањето на малиот азиски тигар, а сличен систем, повеќе економски, отколку политички, набрзо се проширил и кај уште некои азиски држави.

Тој, меѓутоа, не толерирал политичко несогласување, а противниците често ги гонел на суд поради клевети, и тоа сè до нивното банкротирање.

Неговиот син, премиерот Ли Сјен Лунг ја води земјата на сличен начин. Владеачката Партија со народни акции на претходните избори во 2011-тата година освоила 60 отсто од гласовите и 80 од 87 места во парламентот, што е нејзин најслаб резултат од стекнувањето на независноста. Во месец септември ќе бидат одржани нови парламентарни избори.

Помеѓу Сингапурците постои сè поголемо незадоволство поради политички ограничувања, сè побројните странски работни сили и поскапиот живот.

Поголемиот дел од медиумите се под контрола на компании кои што се поврзани со државата, а неколкуте независни веб страници се ограничени со строги закони за клевета кои властите често ги користат за да ги замолчат критичарите.

Во најновиот Индекс на слободата на печатот на организацијата Репортери без граници, Сингапур оваа година според слободата на медиумите бил на 153-тото место, од вкупно 180 земји.

Сингапур денес е помеѓу петте најскапи градови на светот, но и град со најмалку корупција благодарение на строгите закони, но и фактот дека членовите на владата имаат исклучително високи плати па и најмалата корупција за нив е преголем ризик за да изгубат сè.

Се проценува дека до 2030-тата година Сингапур ќе има 6.5 до 6.9 милиони жители, од што речиси половина ќе ги сочинуваат странци.

К.К.

Слично

Поврзани вести