Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како најлесно до европски пасош преку Малта?!

Како најлесно до европски пасош преку Малта?!
Парламентот на Малта одлучи дека граѓаните на земјите кои не се членки на Европската Унија во иднина ќе можат да купат малтешко државјанство. Според Џозеф Маскат,  премиерот на Малта, проектот има за цел да и донесе приходи на земјата преку привлекување на потенцијалните богатите инвеститори , пренесе Ројтерс извештаи. Притоа, оној кој сака да купи државјанството од Малта ќе треба да плати 650 илјади евра. Според владини проценки , државата ќе заработи 30 милиони евра само во првата година - се претпоставува дека околу 45 луѓе ќе купат малтешко државјанство за да им се дозволи право на работа и престој во други делови на Европската унија. Малта е членка на ЕУ и на шенген зоната, а има и безвизен договор со САД . Експертите проценуваат дека годишно меѓу 200 и 300 поединци ќе аплицираат за малтешко државјанство. Опозицијата се противи на оваа идеја поради страв дека тоа би можело да ја претвори Малта во „даночен рај“. За оваа идеја размислуваат и уште некои земји од ЕУ .
Слично

Поврзани вести