Како најголемата банка се однесува кон своите клиенти?
Претседателот на Industrial and Commercial Bank of China ( ICBC ) , која е најголемата банка во светот по средства, објави дека нема да им надомести на инвеститорите за загуби поврзани со производ кој банката им го предложила .
Џианг Џианкин изјавил пред CNBC дека ова може да биде сметано за образовно искуство, со цел инвеститорите да ја научат лекцијата за моралните опасности на финансиските пазари.
"ICBC нема да им ги отплати средствата на инвеститорите , " изјавил тој за време на Светскиот економски форум во Давос . "Нема да ја преземеме оваа одговорност " , рекол Џианг . " Сметам дека овој инцидент е добра можност да се едуцираат инвеститорите , да се едуцираат компаниите за доверба за управување на средства и да се едуцира ICBC", вели Џианг .
Во иднина , додава тој , ако клиенти купат " производи поврзани со управување на богатство или други производи , тие многу јасно треба да го сфатат ризикот". Изјавата доаѓа по неколку недели на шпекулации и контрадикторни информации дека ICBC ќе биде принудена да ги покрие загубите на инвеститорите.
На 15 јануари Reuters информира дека акциите на ICBC поевтиниле поради информациите дека банката ќе треба да помогне за исплатата на околу 496 милиони долари инвестирани во високо производство. Компанијата за доверба за управување на средства , во која имаат инвестирано луѓето, одобрувала заеми на нејавната компанија Shanxi Zhenfu Energy , чиј претседател беше уапсен подоцна за тоа дека примал депозити , без да има лиценца за банкарска дејност.
Неодамна во Bloomberg се појави информација дека ICBC може да ги преземе загубите и да се вратат парите на луѓето . Џианг изјавил пред CNBC дека банка ќе ги преиспита сите свои партнерства со компании со кои прави бизнис.
"Компаниите за доверба за управување на средства мора да преземат одговорност да управуваат со производи уште подобро во иднина " , изјавил Џианг.
А.А.
Слично
