Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како нацистичката „Буба“ ја освои Америка?

Како нацистичката „Буба“ ја освои Америка?
Повоениот период во САД не е особено добро место за германскиот производител на автомобили „Volkswagen“. Во 1955 година компанијата продала помалку од 30 илјади автомобили во САД, каде што во истата година вкупно се пласирани 7,9 милиони возила, пишува Блумберг. На крајот на деценијата продажбата на Германците расте до 120 000 годишно, а по уште десет години надминува еден милион. За сето ова е виновен еден автомобил со шармантен изглед и со многу ниска цена. „Volkswagen Beetle“ почнува како идеја на Адолф Хитлер, кој му дава задача на Фердинанд Порше да направи достапен, економичен и практичен автомобил за германскиот народ. Генијалниот,  според многумина инженер,  започна со работа на автомобилот во 1934 година, создавајќи исклучително едноставен, но ефективен мотор, кој се наоѓа во задниот дел на кабината.  Токму потеклото на автомобилот во прво време им пречи извозот кон американскиот пазар. Локалните клиенти се недоверливи и не прифаќаат германски автомобили. На почетокот на Студената војна,  Западна Германија сепак се отвара за САД и затоплените односи меѓу двете земји овозможуваат на американските новинари да ја посетат фабриката на „Volkswagen“ во Волфсбург. Импресионирани од технолошкиот напредок на просперитетната компанија, американскиот печат прави нешто многу важно - ги уверува своите читатели дека автомобилите на „Volkswagen“ се произведуваат според американските принципи на производство, со што успешно е избришана „нацистичката“ младост на компанијата. Зголемувајќи го присуството на странските пазари, „Volkswagen“ успешно го искористи процветот на американска економија во 50-те. Во тоа време клиентите бараат сигурен и достапен семеен автомобил. „Volkswagen“ им го дава токму тоа. „Beetle“ нуди место за четворица и нивниот багаж, потрошувачката на гориво е многу ниска за американските стандарди, техниката му е сигурна, а цената во тоа време во САД е 1495 долари. Се останато е историја.
Слично

Поврзани вести