Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО МУ УСПЕА: Италијански пензионер цели две години се возел без да плати патарина

КАКО МУ УСПЕА: Италијански пензионер цели две години се возел без да плати патарина

Италијански пензионер цели две години не плаќал патарина во државата. 

Марио кој има 80 години и вози „Фиат Пунто“ две години избегнувал да плати патарина.

Вели дека ова му успеало „залепувајќи се“ за возилото пред него и притоа веднаш се протнувал под рампата. Неговите „бесплатни возења“ ги откриле камерите за надзор на автопатиштата, а за сите досегашни такви измами, на неговата адреса стигнала казна од 4.000 евра. За весникот „Кориеределасера“ (CorrieredellaSera), Марио раскажал како „го победил системот“.

„Јас сум обичен пензионер, што значи дека приходите не ми се „јаката страна“. Пензијата во целост ја давам во старечкиот дом. И, како да патувам тогаш? Си го најдов патот и се движам низ земјава без да платам. Што требаше да правам додека другите спијат? Не можам да бидам дома цел ден“, објаснува Марио.

За казната вели дека нема да ја плати. Рекол дека услугата е лоша, а за патиштата смета дека патарина не треба да се плаќа. 

Слично

Поврзани вести