Како милијардерот Слим стана најголем губитник од изборите во САД?
Мексиканскиот пезос доживеа рекорден пад кога шансите на Доналд Трамп за влез во Белата куќа пораснаа. Карлос Слим поради тоа остана без милијарди долари.
Пезосот се урна надолу поради најавата која ја изнесе Трамп, а се однесуваше на политиката кон Мексико, гушење на слободната трговија и ѕидање на ѕид на границата.
Мексиканската централна банка ќе објави дали и кои мерки ќе ги преземе како би го ублажила падот, но на тамошните милијардери не им било лесно.
Петтиот на листата најбогати на светот, мексиканскиот милијардер Карлос Слим, „тешок“ 53,4 милијарди долари, поради падот на пезосот губи милијарди.
Форбс проценува дека со падот на мексиканската валута од 15 отсто му се избришани 1,7 милијарда долари.
А тој забележал рекордно ниска вредност кон доларот пад од 13 отсто го турна пезосот под 20 за еден долар.
Во прашање е најголемиот пад во еден ден се од таканаречената текила криза на деведесетите кога Мексико речиси банкротираше.
И обичните Мексиканци се во паника. Трамп најави воведување на данок на дознаки кои од САД на своите семејства им ги праќаат Мексиканците кои работат таму, а оваа година очекува дека тие би можеле да бидат 28 милијарди долари, што е повече од заработката на Мексико на извозот на нафта.
