Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ЛИ ЌЕ ГО ПЛАЌАМЕ: Секој човек на Земјата должи по 20 000 долари

КАКО ЛИ ЌЕ ГО ПЛАЌАМЕ: Секој човек на Земјата должи по 20 000 долари

Светскиот долг никогаш досега не бил толку висок и изнесува 225 отсто од глобалниот БДП и може да покрене нова рецесија.

Светот никогаш во историјата не бил толку должен, а ММФ пресмета дека вкупниот долг изнесува 150 000 милијарди долари или 225 отсто од глобалниот БДП.

Кога тоа се пресмета, доаѓа до тоа дека секој од речиси 7,5 милијарди жители на Земјата е должен околу 20 илјади долари.

На претставувањето на извештајот за глобалната финансиска стабилност ММФ предупреди дека со тој долг треба да со позанимаваат пред тој да стане нова причина за нова голема финансиска криза.

Исто така предупредуваат дека не е проблемот само во тоа што долгот е висок туку и тоа што тој незапирливо и пребрзо расте, а две третини од тој долг отпаѓа на приватниот сектор.

Експери на ММФ сметаат дека токму долгот на прватниот сектор е најголема опасност па државите би требало да интервенираат пред да биде доцна.

Слично

Поврзани вести