Како ќе заврши Медведчук, блискиот пријател на Путин?
Украинското државно биро за истрага ја заврши предсудската истрага против прорускиот политичар Виктор Медведчук, кој е обвинет за предавство.
На Медведчук, кого во Киев го сметаат за еден од најблиските пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, може да добие 15 години казна затвор. Тој ги потпомагал руските лидери, така што вршел субверзивни активности против Украина, вклучувајќи и собирање на податоци за локациите на војската. Медведчук е претседател на опозициската партија „За живот“, и уште од април е во притвор.
Се споменуваше дека може да биде предмет на размена, а Русија ја критикуваше Украина дека го гони човекот поради неговите политички ставови.
Слично
