Како ќе се греат зимава жителите на Киев?
Украинците се подготвуваат за зимата. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави денеска дека градските власти подготвуваат над 1.000 топлински станици низ градот во случај системот за централно греење да биде оневозможен поради руски воздушни напади. Станиците ќе бидат снабдени со основни животни потреби.
„Најлошо е онаму каде што воопшто нема да има струја, вода или парно греење. Затоа обезбедивме 1.000 грејни станици во нашиот град“, напиша Кличко во објавата на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Ројтерс.
Руските напади уништија околу 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина и предизвикаа прекини на струјата и водата во делови од Украина. Руската инвазија почна на 24 февруари годинава.
Слично
