Како карикатуристка го преживеа масакрот: Бев пред врата кога …
Карикатуристката на магазинот „Чарли Ебдо“ Корина Коко Реј раскажала како успеала да го преживее масакрот во Париз.
„Пред работа го оставив детето во градинка. Кога стигнав пред вратата на зградата на весникот „Чарли Ебдо“ , двајца вооружани мажи со капи ни се заканија. Сакаа да влезат. Го внесов кодот. Пукаа во Волински и Кабу и се тоа се случи во неколку минути. Се сокрив под мојата маса. Говореа француски перфектно и рекоа дека се од Ал Каеда“, наведува Корина.
Најмалку 12 лица се убиени во центарот на Париз кога вооружани лица упаднале во просториите на сатиричниот магазин „Чарли Ебдо“.
Слично
