Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ЈУГОСЛАВИЈА ИЛИ КАКО ШВАЈЦАРИЈА: Некогаш најбогатиот Русин открива што ја чека Русија

КАКО ЈУГОСЛАВИЈА ИЛИ КАКО ШВАЈЦАРИЈА: Некогаш најбогатиот Русин открива што ја чека Русија

Русија после Путин би можела да стане како Југославија, тоа би било опасно, вели Михаил Ходорковски, еден од најбогатите Руси. 

Во интервју за „France24“, Ходорковски зборувал за руската иднина, претседателот Владимир Путин, внатрешните превирања.

„Путин нема избор освен да продолжи со инвазијата на Украина. Тоа е единствен начин да ги задржи своите патриотски приврзаници“, вели Ходорковски.

Рече дека ако Путин ја изгуби војната, сите ќе се свртат против него. 

„Ако Путин ја изгуби војната, сите ќе се завртат против него. И тој тоа го знае. Ако успее во офанзивата, тоа би го охрабрило да тргне кон границите на НАТО. Не би постоеле повеќе пречки“, вели Ходорковски.

Oбјасни дека има три начини како ќе заврши оваа војна. 

„Постојат три начини на кои може да се одвива војната. Првиот: рускиот режим паѓа, можеби затоа што Путин умира. Втор: војната трае со години со големи загуби, иако не може да се предвиди како ќе заврши. Трет: Западот ја опремува Украина со средствата кои и се потребни за брзо да ја заврши војната“, вели Ходорковски.

Смета дека е добро Русија да заврши по швајцарски модел. 

Слично

Поврзани вести