Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kако Израел ќе му се оддолжи на Трамп?

Kако Израел ќе му се оддолжи на Трамп?

Во Израел планираат изградба на железничка станица близу Ѕидот на плачот во Ерусалим, која ќе ја наречат по претседателот на САД, Доналд Трамп.

Планот на министерот Израел Катц, вклучува изградба на две станици и копање на тунел долг три километри под центарот на Ерусалим и политички и историски чувствителниот Стар град. Западниот ѕид е светото место каде Евреите можат да се молат.

Портпаролот на министерството за сообраќај, Авнер Овалида во средата изјави дека е проценето дека проектот ќе чини над 700 милиони долари, и  ќе бидат потребни 4 години за негово довршување.

Брзата пруга Тел Авив – Ерусалим ќе биде пуштена на пролет.

На 6 декември 2017 година, претседателот на САД, Доналд Трамп донесе одлука за признавање на Ерусалим за главен град на државата Израел.

Се очекува уште десет земји да го сторат истото. 

Слично

Поврзани вести