Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ИЗГЛЕДА ГЕРМАНСКИОТ ПОГОН НА BIONTECH - првите вакцини во втората половина на април

КАКО ИЗГЛЕДА ГЕРМАНСКИОТ ПОГОН НА BIONTECH - првите вакцини во втората половина на април

Германската биотехнолошка компанија Бајонтек ги отвори пред медиумите вратите на фабриката за производство на вакцини против КОВИД-19 во градот Марбург.

За тоа како изгледаат погоните на Бајонтек погледнете на Алџезеира. 

Фабриката во Марбург, Германија, која доби дозвола од Европската агенција за лекови (ЕМА), се смета за една од најголемите производствени погони во Европа и светот за производство на вакцини mRNA против ковид 19. 

фото Анадолија

Вакцините mRNA против COVID 19 се базираат на молекулата на mRNA, во која молекулата на mRNA се воведува во телото што носи информации за некој дел од патогенот.

Откако целосно ќе профункционира, фабриката ќе може да произведува милијарда дози вакцини против ковид 19 годишно.

За да се зголеми производството, 400 вработени во Бајонтек во Марбург во моментов работат во смени секој ден во неделата, 24 часа на ден.

Првите серии вакцини произведени во овој погон се очекува да бидат доставени во втората половина на април.

Раководителот за наука и технологија на Бајонтек, Манфред Брунен објасни дека се потребни вкупно 50.000 чекори од почетокот на производството на вакцини mRNA до последната масовна вакцинација.

Тој посочи дека самото производство на вакцини се врши со следење на целиот процес, проценка на податоците и обука на вработените кои работат во производствениот процес.

Производствената цел на Бајонтек за 2021 година е зголемена од 2,3 милијарди на 2,5 милијарди дози вакцини против ковид 19.

Извор Алџезеира

Слично

Поврзани вести