Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како избркан директор од Франција заработува илјадници евра без да мрдне прст

Како избркан директор од Франција заработува илјадници евра без да мрдне прст

Франција има најразвиен систем кој ја регулира јавната администрација, а основите се поставени уште од времето на Наполоен Бонапарта за да се намали корупцијата и зголеми професионалноста. Токму поволните законски прописи му овозможиле на еден директор кој бил преместен од раководната позиција и понатаму да заработува илјадници евра без воопшто да се помачи.

Боско Херман од 2001 до 2006 година бил генерален директор за услуги во градот Сент Савин на истокот на Франциј но, новиот градоначалник влегол во конфликт со Херман, по што тој бил преместен во друг град, каде пак не им бил потребен човек со неговите квалификации. Херман останал без работа, но не и без платата од 3700 евра.

Според законот од 1984 година, кога директор се разрешува од работното место, државата мора да му ја исплаќа платата се додека тој не најде слична работа. Државата исплаќа 75 центи по евро, а останатите 25 центи ги исплаќа Центарот за јавни работи. Ваквиот расплет можеби изгледа дека не е фер кон даночните обврзници, но да потсетиме дека токму со заштитата на административците се овозможува спречување на партиски влијанија и нарушување на системот на кариера.


Слично

Поврзани вести