Како Хамас со евтини параглајдери ја проби заштитната зона на Израел?
Израел премногу се потпира на софистициран одбранбен ѕид изграден долж границата со Газа, кој има повеќе видови сензори и митралези на далечински управувач. Израелските власти веруваат дека тоа е практично непробојна бариера и задржаа релативно мала воена сила во близина, давајќи им приоритет на другите области за распоредување, според Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извештаи од високи израелски безбедносни функционери.
Измамувањето на Израел за неговите намери и пронаоѓањето на клучните ранливости во инфраструктурата за надгледување на границата во Газа беа клучните елементи на планот што му овозможи на Хамас да го изврши својот најлолем напад врз Израел во последните пет децении.
Хамас уништи најмалку четири комуникациски кули на почетокот на нападот користејќи муниција фрлена од дронови, што го прави системот „бескорисен“, пишува американскиот весник.
Израелците не можеа да го видат пробивањето на физичките бариери, што се покажа полесно отколку што очекуваа. Хамас користеше експлозиви и булдожери за да создаде речиси 30 премини за околу 1.500 борци.
Оперативниот неуспех на Израел доведе до групирање на неговите високи команданти во областа во една база, која беше молскавично нападната од милитантите. Бидејќи раководството главно беше убиено или земено како заложници, одговорот на Израел на вонредната состојба беше неорганизиран и бавен.
На израелските воени авиони им беа потребни часови за да им пружат воздушна поддршка на силите кои реагираа, иако тие беа на само неколку минути лет од областа.
