Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Германија ќе се бори против тероризмот?

Како Германија ќе се бори против тероризмот?

Германската влада планира да прифати нов план за борба против тероризмот по нападот на Божиќниот базар во Берлин, пишува весникот „Билд".

Според весникот,  решението за конкретни мерки ќе биде донесено во јануари од министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер и за правда, Хајко Мас.

Владејачките партии од блокот ХДЗ / ЦСУ и Германската социјалдемократска партија (СПД) предлагаат да биде зајакнато набљудувањето на лицата, кои се потенцијален ризик, преку електронски нараквици. Според податоците на „Билд" бројот на овие луѓе во моментот е 550. Блокот ЦДУ / ЦСУ сака исто така да биде засилено набљудувањето на радикалните џамии.

За да бидат идентификувани потенцијални терористи меѓу кандидатите за азил, германските власти бараат повторна проверка на идентитетот на сите мигранти и тие да бидат вметнати во база на податоци со слика, отпечатоци. 

На границите се предлага да бидат создадени транзитни центри, каде кандидатите за азил можат да се сместуваат додека биде јасен нивниот идентитет. 

Германската влада сака да дозволи распоредување на голем број на камери за видео надзор во згради како трговски центри и спортски сали.

Можно е да биде зголемен временскиот рок за задржување на мигранти кои се предмет на депортација. Во моментов тој е максимум четири дена.

Федералната влада сака исто воведување на нов режим за патување, каде што сите при влегување и излегување од ЕУ, треба да бидат регистрирани во единствена информациска база со отпечатоци, слика и лични податоци, како што се прави во САД.


Слично

Поврзани вести