Како Европа ќе ги запира мигрантите?
Заедницата сака да ги чува уште подобро надворешните граници и да ги пушта само оние мигранти кои навистина бегаат од прогон или војна.
Шефот на агенцијата „Фронтекс" со седиште во Варшава, Фабрис Леджери е убеден дека со повеќе персонал и зголемените финансиски средства квалитетот на граничната контрола ќе биде подобрен.
Леджери најави дека ќе биде проширена и мисијата за заштита „Тритон", која дејствува во Медитеранот меѓу бреговите на Либија и Италија. Сега таа има 18 брода и повеќе од 500 вработени. Нивната задача сепак не е поврзана со обезбедувањето на морската граница, туку да им помогне на сиромашни мигранти по вода и да ги транспортираат до италијанскиот брег. Според оценката на ЕУ, обезбедувањето на морската граница на заедницата уште не функционира доволно сигурно. Само оваа година околу 130.000 мигранти успеале да дојдат до Италија по море - речиси колку и во 2015 година.
Во меѓувреме, Грција поднесе официјално барање за помош од „Фронтекс". Владата во Атина сака службеници од Европската агенција да се вклучат во обезбедувањето на границата меѓу Грција и Македонија.
