КАКО Е МОЖНО: Северниот пол може да стане јужен
Северниот пол брзо се оддалечува од Канада и се поместува кон Сибир.
Земјиното магнетно поле, на кое се темелат глобалните навигациски системи, забрзано се менува.
Поради тоа, Светскиот магнетен модел (WMM), наместо во 2020 година, како што беше планирано, ќе се ажурира на 30 јануари годинава.
Иако првично беше објавено дека ажурирањето на Светскиот магнетен модел ќе биде на 15 јануари годинава, датумот е поместен поради делумната блокада на работата на американската администрација, пишува весникот „Природа“.
На основа на Светскиот магнетен модел се подесуваат сите навигации (GPS) од Гугул мапата на паметните телефони до бродските системи.
Светскиот магнетен модел се ажурира на секои пет години со цел современата навигација да може да ги следи промените во Земјиното магнетно поле.
Иако требаше да се ажурира во 2020, до 2018 година толку се наруши што беше потребно итно ажурирање.
Во најлошо сценарио, Земјиното магнетно поле би можело да се сврти така што Северениот пол да стане Јужен, а Јужниот – Северен. Тоа би можело да ја уништи глобалната електрична мрежа, а животот на површината на планетата да го изложи на голема количина сончево зрачење.
Всушност, Северниот магнетен пол лани ја надмина Меѓународната временска граница со брзина од 55 километри годишно, што е трипати побрзо отколку што се движеше пред 1990. Иако не е позната точната причина поради која тоа се случува, научниците претпоставуваат дека причина за поместувањето е голем слој течен метал под Канада. Магнетното поле е во постојано движење, а проемните ги забележале и сателите на Европската свемирска агенција.
Во прв ред, веќе во 2016 година дојде до геомагнетско поместување под Јужна Америка, што значи дека Светскиот магнетен модел се помести веднаш по последното ажурирање во 2015 година. Освен тоа, поместувањето на Севернот магнетен пол дополнително ја влоши состојбата..
