Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како е да се работи за Ferrari?

Како е да се работи за Ferrari?
Мислите дека голема привилегија e да работите во една голема компанија како што е Ferrari? Во право сте! Не само што работниците на светските познати произведувачи на спортски автомобили имаат прилика секојдневно да учествуваат во производство на еден од најпосакуваните автомобили на светот, туку нивните плати тешко можат да се споредат со остатокот од Европскиот континент. Во време на криза, произведувачите кои со својата деловна стратегија се фокусирале на моделите од средна и ниска класа, трпат голема загуба и им се заканува загрозување на нивното стабилно работење. Оние пак кои произведуваат луксузни автомобили размислуваат на сосема други работи. Како резултат на добрата работа, компанијата од Maranelо одлучила извесен период на своите работници да им подели значајни финансиски средства во вид на три месечни плати во една и плус други додатни бонуси. Оваа убава вест за вработените во Ferrari ја најавил извршниот директор Luka di Montecemolo во текот на Салонот за автомобили во Женева. Во таа прилика објаснил дека се работи за добро финансиско работење во периодот 2010-2012 година. Тоа значи дека секој од 3.000 вработени примил додаток во износ од 3 плати. Сигурно се прашувате колкава е таа сума. Ако имаме предвид дека минималната заработка во Ферари е 1.500 евра, јасно е дека оние кои примаат минимален износ, добиле 4.500 евра, што со бонус за одлични резултати во минатата година од 4.000 евра, секој работник во 2013 ќе добива минимум по 8.500 евра. Во писмото кое Di Montecemolo го испратил до работниците, освен благодарноста за вложениот труд и објаснувањето на наградата, стои и ветување дека следниот бонус ќе го добијат во 2016 година, кога ќе се сумираат резултатите од 2013-2015 година.
Слично

Поврзани вести