Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како „Дебелкото“ од најверен поддржувач на Трамп отиде во аут

Како „Дебелкото“ од најверен поддржувач на Трамп отиде во аут

Крис Кристи кој американските медиуми често го нарекуваат дебелко иако беше најлојален поддржувач на Трамп уште во раната фаза на кампањата го изгуби загарантираното место во новата администрација на претседателот и тоа најверојатно од банални причини. 

Крис Кристи како гувернер на Њу Џерси се спушти под секое ниво во прелиминарните избори кои убедливо ги изгуби, а потоа си ја подви отпашката и „трчаше“ околу Трамп надевајќи се дека ќе ја добие позицијата на потпретседател, за потоа да се спушти на позиција генерален јавен обвинител, но ништо од тоа не му се оствари. 

Чашата ја прелило обидот Кристи да дојде што поблиску до Трамп за време на победничкиот говор за медиумите да го сликаат. Тоа тешко го налутило Трамп кој го стави на „клупа“ за резерви, па сега прашање е дали вооошто ќе добие било каква функција во владата. 

Омилен момент пак, во текот на кампањата беше кога Кристи официјално му го даде гласот на Трамп, за потоа кога тој држеше говор да гледа збунето, па медиумите се шегуваа дека е негов заложник кој чека да биде спасен.

Слично

Поврзани вести