Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да се вработите во Германија? Еве ја вашата шанса ако сте подготвени да ги засукате ракавите

Како да се вработите во Германија? Еве ја вашата шанса ако сте подготвени да ги засукате ракавите

Германија, како и сите други земји, на различни начини е погодена од актуелната криза.

Пазарот на недвижности станува се понестабилен, додека познатите светски брендови ги затвораат своите капацитети, а во исто време, оваа земја има потреба од се повеќе работници - од ден на ден.

Како што неодамна беше објавено, дури 50.000 луѓе од регионот ќе можат да најдат работа во Германија, поточно во една гранка. Имено, тамошните ресторани долго време мака мачат да ги пополнат испразнетите позиции, а ситуацијата се очекува да биде уште полоша напролет - кога ќе има повеќе работа.

Секако, пишувањето на медиумите за „отворање на вратата“ за странските работници го потврдува и националното здружение на угостители Дехога, наведувајќи дека таквиот развој на ситуацијата „ним им дава надеж“. Дополнително се споменуваат одредени мерки кои можат да помогнат.

- Бројката што треба да се достигне сега е 50.000, а драстично ќе се зголеми оваа пролет - изјави еден претставник на здружението.

Сепак, за разлика од нив, рестораните очекуваат „позитивен тренд“ од „интензивните напори“ на владата и работодавачите, вклучително и понудата за образование/обука, како и ветената реформа на регулативата за имиграција.

„Потребни ни се нови правни можности за насочена работна миграција од трети земји“, се истакнува понатаму.

Инаку, германската угостителска индустрија во моментов нуди повеќе од милион работни места со платени придонеси за социјално осигурување. Бројот на работници за кои работодавачот плаќа целосни придонеси – во октомври е за 3,7 отсто помал од пред пандемијата. Професијата постојано бара квалификувана работна сила од сите профили, се додава.

Посебно во неволја се малите и средни компании, од руралните делови на земјата.

Телеграф.рс



Слично

Поврзани вести