Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ДА СЕ СПРЕЧАТ НАРЕДНИТЕ ПАНДЕМИИ: Бил Гејтс напиша книга во која најави КРАЈ на корона вирусот

КАКО ДА СЕ СПРЕЧАТ НАРЕДНИТЕ ПАНДЕМИИ: Бил Гејтс напиша книга во која најави КРАЈ на корона вирусот

Тој истакна дека книгата, меѓу другото, ги содржи и неговите разговори со главниот американски инфектолог Енони Фаучи и директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адан Гебрејесус.

Основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, познат по своите предвидувања за коронавирусот, објави дека напишал книга „Како да се спречат идни пандемии“, која ќе ја види светлината на денот до мај оваа година.

Во видеото, кое е снимено како најава за книгата, тој вели дека верува оти пандемијата на коронавирус може да биде последната пандемија, без разлика колку тоа изгледало невозможно со оглед на моменталните околности.

Тој напомена дека треба да извлечеме поука од пандемијата и да се обидеме да елиминираме се што може да предизвика појава на нов вирус.

Тој додаде дека ја следи пандемијата од нејзиниот почеток и дека научил многу за оваа пандемија работејќи со експерти, а во книгата се наведени и нивните искуства, пренесува ЕТ.

Тој истакна дека книгата, меѓу другото, ги содржи неговите разговори со главниот американски инфектолог Енони Фаучи и директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адан Гебрејесус.

Гејтс конечно заклучи дека со правилен избор и инвестиции, пандемијата на коронавирус може да биде последната пандемија.

Слично

Поврзани вести