Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како бездомник стана милионер за неколку години?

Како бездомник стана милионер за неколку години?

Бездомник кој користел дрога и спиел на улиците на Лос Анџелес, успеа да стане милионер во само неколку години, објави ББС.

Во 2003-та година животот на Халил Рафаел изгледал безнадежен. Тој имал 33 години, немал дом и не можел да живее без дневната доза. 

„Постојано чувствував толку страшни болки, што дури и не можев да спијам“ - се сеќава тој.

Во тоа време тој тежел само 49 килограми, а целата негова кожа била покриена со рани. Поради проблеми во детството дури не успева да заврши ни училиште.

Сето тоа се променило во една ноќ, во која тој уште еднаш бил примен во ургентното одделение поради предозирање со хероин. Лекарите очајно се обидувале  да го спасат неговиот живот. Халил едвај преживеал и решил никогаш повеќе да не се враќа на дното.

Така тој влегува во центар за рехабилитација и оттаму заминува по 4 месеци. 

Денес тој е крал на трговијата со здрава храна. Бизнисот му е базиран во Калифорнија, а компанијата е хит меѓу познавачите на органските производи. Годишната продажба е над 6 милиони долари. Компанијата допрва ќе се проширува и се подготвува да влезе и на јапонскиот пазар.

Рафаел веќе е на 46 години,  има личен авион, поседува јога студио и со секој изминат ден станува побогат. Тој дури има напишано книга за искуствата, која се вика „Заборавив да умрам".

Слично

Поврзани вести