КАЈТ И ВИЛИЈАМ СЕ ПОРЕТКО ВО ЈАВНОСТ ЗАЕДНО! По смртта на Елизабета, се променија состојбите
Принцот Вилијам синоќа се појави на доделувањето на наградите за заштита на Туск во близина на Лондон во палатата Хемптон Корт, без неговата сопруга Кејт Мидлтон.
Станува збор за настан кој ја поддржува заштитата на дивите животни во Африка, а тој на настанот ги прославил сите досегашни успеси на ова поле, пренесува „yahoo.com“.
- Овие награди, кои ми значат, играат огромна улога во нашата мисија да ја зачуваме драгоцената дивина на Африка за нејзиниот народ - рече принцот од Велс во пресрет на церемонијата на која е покровител од 2005 година.
Неговата сопруга Кејт Мидлтон вечерва не се појави со него, а претходно речиси секогаш го придружуваше. Само во 2013 и 2018 година не бea двајцата заедно на одбележувањето.
Сепак, Кејт му се придружи на Вилијам на посетата на Скарборо во четврток, а самата ќе присуствува на четвртфиналето на Светското првенство во рагби во сабота, како дел од нејзиното спонзорство во Рагби фудбалската лига, кое го наследи на почетокот на оваа година.
Принцезата и принцот од Велс и претходно имале посебни официјални ангажмани, а по смртта на Елизабета Втора (8 септември, Балморал) уште почесто се појавуваат одделно во јавноста, исклучиво за работа. Зголемениот број работни ангажмани се причина плус идните носители на титулата почесто да ги има во јавност одделно.
Фото: EPA/ DAVE HUNT
