КАЈА КАЛАС: Путин „не би се осмелил“ да се сретне со Зеленски во Истанбул
Путин „не би се осмелил“ да се сретне со Зеленски во Истанбул, вели шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.
Таа тврди дека рускиот претседател Владимир Путин „нема да се осмели“ да присуствува на украинско-руските разговори закажани за четврток во Истанбул, на кои се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Калас изјави дека не верува дека Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.
Неизвесно е дали утре во Турција ќе дојде и американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски сака тоа да се случи и ја оцени идејата како одлична. И претходно, во 2022 година имаше преговори во Турција меѓу руската и украинската делегација. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари во 2022 година.
foto EPA-EFE/JULIEN WARNAND
