Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај Запорожје се повредени двајца американски доброволци

Кај Запорожје се повредени двајца американски доброволци

Ранети се двајца американски доброволци додека гаѓале руски тенкови во Украина. 

Тие се повредени во артилериски напад во близина на градот Орикив во Запорожје, пренесува Гајрдијан. Се работи за двајца американски воени ветерани, Манус МекКафри и Пол Греј, кои работеле заедно како тим. Тие истрелале противтенковски ракети од типот „Јавелин“ кон руските тенкови во време кога биле ранети од артилериски оган, објави новинарот Нолан Петерсон. Петерсон наведува дека МекКафри се здобил со рани на лицето, главата и торзото од шрапнели. Дел од бетонскиот ѕид паднал врз Греј, нанесувајќи му повреда на ногата. Двајцата се пренесени во болница. Голем број странски доброволци се борат на украинската страна.  Украинските амбасади во странство исто така помогнаа за мобилизирање на доброволци. 

foto Twitter

Слично

Поврзани вести